Се чистат диви депонии во излетничкото место „Вештачкото езеро“

И покрај апелите на „Комуналец“ да не се одлага отпад во ова излетничко место кое значи многу за прилепчани, сепак, сликата на терен говори друго. Кревети, теписи, јоргани, јоги, разна покуќнина и друг комунален отпад се исфрла насекаде. По зелените површини се забележуваат пластични чаши и најлони стаклена и пластична амбалажа од алкохолни и безалкохолни пијалаци и што ли уште не.

Се апелира до посетителите на ова излетничко место, посебно до најмладите, отпадот да го собираат во најлонска кеса, да го одлагаат во поставените контејнери пред поранешниот мотел, или да го исфрлат во било кој контејнер поставен низ градот.

Годинава заради пандемијата „Ковид 19“ се одложи и акцијата за масовно чистење на теренот околку езерото со помош на администрацијата и фирми доброволци. И наместо комуналците да се насочат на секојдневните планирани обврски, тие со години губат време и трошат ресурси за чистење на диви депонии. Стана дегутантно во 21 век да се пишува, апелира и едуцира каде и како се одлага отпадот.

Уште еднаш, за секој вид отпад и негово одлагање јавете се на тел 048 / 428 992 ќе бидете најкоректно услужени.

Можеби ќе ви се допадне