Работен состанок за импелементација на проектите за управувањето со отпадот

Во посета на Општина Прилеп, беа претставници од Шведската асоцијација „Салар“, кои имаа работен состанок со дел од тимот за импелементација на проектите од областа на управувањето со отпадот.

На состанокот се разговараше за напредокот во изготвувањето на Урабнистичкиот проект и техничката документација за изградба на Собирен центар кој е од суштинско значење за градов и граѓаните , изготвувањето на техничката документација за компостара , како и за текот и роковите за реализација на проектот Фабрика за селекција на отпад во Алинци.

Шведската асоцијација САЛАР, на територијата на општина Прилеп, инвестира и работи веќе 3 години, и нивната посета претставува значаен чекор кон размена на искуства и добри практики во областа на управувањето со отпад. За време на посетата, беа презентирани тековните проекти и постигнатите резултати, како и предизвиците и проблемите со кои се соочува општината и јавното претпријатие, при што се отвори простор за конструктивна дискусија и можности за идна соработка и давање помош на општините со цел да бидат поподготвени за новиот предизвик во управувањето со отпадот, а тоа се Меѓуопштинската соработка и регионалното управување со отпад.

Претставниците на САЛАР ја истакнаа важноста на стратешкиот пристап кој го има Општина Прилеп во правилното трасирање и текот на отпадот до рециклирање, реализираните проекти, проектите кои се во тек на изведба, но и проектите кои се во зародиш и се во форма на техничка документациј, и активното вклучување на граѓаните и бизнис секторот во процесите за заштита на животната средина. Работниот тим од Шведска беше запознат и со проектот за поставување на полуподземни контејнери во градов на 21 локација, со поставување на два и повеќе контејнери од 3м3 на една локација со можност за селекција на отпадот, а со инвестиција од 15.360.000 денари, кој ќе се реализира во најскоро време и за кој проект се обезбедени финасиски средства од повиците за проекти од Владата на Р. Македонија.

Од секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, присутните беа информирани и за изготвување на техничка документација за изградба на компостара, наменета за третман на биоразградливиот отпад, а финасиран од УНДП со кофинасирање од Локалната самоуправа. Компостарата ќе овозможи преработка на зелен и органски отпад во корисен компост, кој може да се користи за одржување на јавни зелени површини и во земјоделството. Овој проект претставува важен чекор кон циркуларна економија и значително ќе придонесе кон намалување на емисиите на стакленички гасови и заштита на животната средина.

Воедно, експетите Пеле Халберг, Јама Омари, и Бојана Стојановска, ги посетија локациите каде се планира да се имплементира проектот Собирен центар, каде во моментов јавното претпријатие ја расчистува локацијата, и дадоја совети за просторните и урбанистичките планирања, а воедно ја посетија и Фабиката за селекција на отпад каде понудија несебична помош при дореализација на овој значаен капитален објект за Општина Прилеп.

Експертите уште еднаш ја потенцираа успешноста во реализацијата на проектот „Селекцијата на отпад во Општина Прилеп“, кој претставува еден од клучните сегменти во воспоставувањето ефикасен и одржлив систем за управување со отпадот. Во изминатиот период се преземени конкретни активности за воведување и унапредување на примарната селекција на отпадот, преку поставување на соодветни садови, подобрување на логистиката за одделно собирање и спроведување едукативни кампањи за граѓаните и бизнис-секторот. Овие мерки имаат за цел намалување на количините на мешан комунален отпад и зголемување на стапката на рециклирање.

Со овие иницијативи, Општина Прилеп ја заокружува визијата за современ, интегриран и еколошки одржлив систем за управување со отпад, кој е во согласност со националните и европските политики и ги става потребите на граѓаните и животната средина во фокус.

Можеби ќе ви се допадне