И покрај поставениот контејнер од 5м3 кој зјае празен, непознати сторители ги наполниле контејнерите од 1м3 со огромни камења и друг градежен материјал, кои служат за одлагање на комунален отпад за околните станбени згради.
Ваквите случаи на некотролирано исфрлање на градежен шут во градските контејнери се почести што секако им смета во оперативната работа на комуналците, заради тоа што истите не можат да се подигнат со хидрауликата од комуналните возила, туку се истураат на местото и се претовараат рачно.
На комуналците им останува и понатаму само да упатуваат апел за совесно и коректно одлагање на отпадот.