По трет пат годинава се чисти дивата депонија кај егејските згради

Иако „Комуналец“ на местото на која со години се создаваше дива депонија изгради детски парк, со цел да го култивира местото, несовесни граѓани повторно исфрлаат отпад, овојпат позади паркот.

Денеска со механизација дивата депонија беше исчистена, со надеж дека во 21 век ќе научиме дека секој отпад си има свое место, а најмалку нему местото му е да се исфрла до детски забавен парк.

Можеби ќе ви се допадне