Обилните дождови кои го зафатија регионов, им зададоја и дополнителна работа на комуналците. По санирањето на улиците, тротоарите и плоштадите во градов, се чистат и големи наноси од песок и чакал на сите излези.
И покрај големите обврски кои ги имаат комуналците со косење на сите паркови, тревнати површини и парцели, опфатени со Оперативниот план, заради обилните дождови и брзата вегетација,„ Комуналец“, работи и на површини кои се на барање на граѓани. Сето ова дополнителни го отежнува работењето на комуналците и ги замолуваат граѓаните да имаат трпение, зашто екипите се постојано на терен, а како што велат вработените, секојдневните дождови им прават големи штети од наноси, кои секојдневно мораат да ги санираат.