Пред престојниот Пиво фест, комуналците ги косат сите влезови во градов. И покрај големите обрски кои ги имаат, а и од невремето кое го зафати градов, од кое, сеуште се дочистуваат одредени улици и локации, комуналците ги косат и излезите.
Завршена е работата на влезот од кај Лук Оил, влезот од кај Мажучиште, обиколницата од кај Жито Прилеп, Крушевски пат се до Мермскиот комбинат, останува да се уреди уште влезот од кај надвозникот кај Салида.
Иако ова не е влезено по Програмата за одржување, „Kомуналeц“ како свој придонес, но и како општествено одговорно ЈП, секоја година ги уредува и влезовите во градов.