Утрово, контејнерите зад Бизнис центарот наменети за исфрлање на отпад за станарите, ги преполнил бизнисмен со градежен шут кој туркал зидови и реновирал простории. Иако, како комунално претпријатие постојано апелираме, а веруваме дека станавме и досадни по однос на градежниот шут, за кој се нарачува контејнер од 5м3, а кој чини 1360 ден, или трактор, кој со превоз до депонија чини 630 ден. Сепак, овој „бизнисмен“ кој викендов реновирал дуќани од илјадници евра, одлучил градежниот шут да го исфрли во контејнерите за мешан комунален отпад, и заштедил 1360 ден.
Хидрауликата и механизмите на специјалните возила за подигање на ваков вид на контејнери не се правени да подигнат градежен шут. Со ова, „бизнисменот“ предизвика оштетување на контејнерите, нивно рачно истурање, 4 часовна работа на работниците за претоварање во трактор и две тури транспорт до депонија. Или, двајца работници, еден тракторист и комунално возило беа ангажирани за несовеста од поедини. За заштеда од 1360 ден. покрај материјалната штета, остана не сработен половина реон од ангажманот на работниците, шоферот и превозното средство. Оваа тури-претури работа, стана секојдневие за комуналците. Вреди ли!