Оштетени поголем број на контејнери за електричен и електронски отпад

Со цел да се овозможи селекција на електричен и електронски отпад, акумулатори и батерии, „Комуналец“, во соработка со Локалната самоупрва, поставија 12 специјализирани контејнери за овој вид на отпад. Контејнерите беа поставени на 14 август на 12 пункта, а за еден месец поголемиот дел од нив веќе се оштетени, односно присилно се отворани долните лежишта.

Во контејнерите пак, иама секеков вид на отпад, освен електричен и електронски отпад. Она што мислат дека е корисно е украдено, иако поголемиот дел од овој отпад воопшто не е корисен. Оставени се само некорисните тонери, кои подлежат пак на постапка со уништување. Се исфрла дури и тетрапак, најлони, пет амбалажа и др. Она што ќе создаде поголема штета, е што истите отпадни апарати ќе бидат исфрлани на дивите депонии.

За месецов, „Комуналец“, планираше да постави уште 12 контејнери од овој тип, но ќе се почека со оваа акција, со цел да се направи анализа, но и поправка на постојните.

Можеби ќе ви се допадне