По последната фестивалска вечер, големата посетеност , но и врнежливите временски услови, комуналните работници го доведоа градов во првобитната состојба.
Купишта отпадна хартија, отпадоци од пластичен прибор, лименки и што ли се собраа до рани зори. Најнапред одделението за селекција на отпад собира се она што може да се рециклира. Додека пак, единиците метачи и паркови и зленило пристапуваат кон темелно метење и миење на плоштадите, улиците, тротоарите и зелените површини. По ова, собраниот отпад се транспортира и депонира во депонијата Алинци, каде за време на трите фестивалски дена се депонирани над 40 м3, мешан комунален отпад.
По сите убавини кои се случуваат на пивофестовските забави, останува комуналците да исчистат се она што многубројните посетители оставаат зад себе, со цел убавините кои ги нуди централното градско подрачје да се доведат во првобитната состојба, како и ништо да не се случуавало пред тоа. Задача на комуналците е до 7 часот наутро централното градско подрачје да биде со врвна чистота. Денеска останува уште да се да се размонтираат штадндовите да се исчисти и измие Булеварот „Гоце Делчев“, и да се пушти за проток на возила.
Уништените тревнати површини на плоштадот „Александрија“ ќе се третираат со препарати и ќе се доведат во првобитната состојба за десетина дена.
Горди на својата работа, горди на постигнувањата и пофалбите кои ги имаа од посетителите, комуналците остануваат на заложбата градов да го држи приматот за најчист град и да биде пример во државава, како и за големи манифестации може да се постигне врвна чистота до рани зори.