Малските паркови постојано се мета на оштетување од несовесни граѓани. Со цел да се најде трајно решение со оградувањето заради безбедност на најмладите, комуналците започнаа со поставување на огради од ковано железо.
За летово планирани се да се оградат неколку помали паркови. Паркот под Могилата е целосно завршен, моментално се работи во Варошко маало на ул„Димо Наредникот“, а потоа ќе се продолжи во парковите на ул“Мице Козар“, на „Кеј 1 ви мај“ и во населбата Димо Наредникот.