Во присуство на градоначалникот Илија Јованоски, претставници од добавувачот Еко клуб, и стручниот тим од одделението за селекција на отпад, официјално беше пуштена во работа новата автомастска преса за балирање на сите видови рециклирачки отпадни материјали. Автоматската преса ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ја набави со средства од проектот БИО – РЕАЛ, од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, Прекугранична соработка со Грција. Финасиската вредност на пресата е 3.690.000 денари.
Градоначалникот Илија Јованоски, ја истакна заложбата од модернизација на „Комуналец“. „Ова е еден од начините како со европски пари и користење на фондовите можеме да создаваме подобри услови за рентабилност во работењето, но и олеснета работа на работниците. Со овој проект набавивме и ново комунално возило за собирање на отпад, а во тек е Јавен оглас од „Комуналец“ за набавка на 4 нови возила со вредност од 18.450.000 денари, од кои, три се транспортни возила за отпад и едно возило за миење на улици и полевање на зелени површини, за кои, Локалната самоуправа обезбеди финасиски средства. Со ова, ја потврдуваме нашата заложба да направиме модерни, доходовни и рентабилни јавни претпријатија на ниво на општина“ изјави градоначалникот Јованоски.
„Денеска ја пуштаме во употреба автоматската континуална преса, која ја набавивме од проектот Био реал. Автоматската преса е со вредност од 3.690.000 ден. Истата е монтирана пред 13 дена, беше пуштена во пробна работа, а денеска на радост на сите вработени од „Комуналец“ ја пуштаме официјално во погон. Оваа набавена преса, многу ќе ни помогне во селекцијата на отпад, ќе ја забрза нашата работа, ќе ја подигнеме продуктивноста на едно повисоко ниво и ќе можеме да одговориме на потребите и барањата во осовремувањето на претпријатието. Инаку, „Комуналец,, на месечно ниво селектира и продава околу 100 тони отпаден материјал или на годишно ниво околу 1200 тони. Ние селектираме и други материјали за кои нема сеуште пласман , или вкупно селектирани материјали на годишно ниво имаме околу 3500 тони. Или, Прилеп на ниво на држава сеуште е лидер во селекција на отпад“ ијави за новинарите, в.д. директорот Ирена Станковска.
Диме Велески, раководител на Одделението за селекција на отпад вели дека со автоматската преса во многу е олеснет процесот на селкција и пресирање. „Пресата е целосно автоматска, се програмира на потребите и перфомансите кои ние и ги задаваме, самата врзува бали, преработуваме околу 100 тони на месчно ниво, од кои 70 проценти е картон и хартија, 20 проценти е пластика и околу 10 проценти од вкупно селектираното отпад е најлон,, потенцираше Велески.
Се надеваме дека „Комуналец“ ефективно ќе ја искористи автомастката преса, ќе ја зголеми количината на селектирани и пресирани материјали. Можам да ги пофалам дека прилепски Комуналец е еден од подобрите комунални претпријатија на ниво на држава, кои одлично се снајдуваат во селекцијата на отпад, и се пример како едно комунално претпријатие со многу ентизијазам може да постигнува вакви резултати. Не говориме за финасиски бенефит, зашто профитот го нема кај оној кој врши селекција , а на „Комуналец“ селекцијата му е законска должност. Говориме за ентузијастички проект на сите вработени. Инаку, ова е прва ваква автоматска преса која е ставена во функција во целава држава, изајави за новинарите Роберт Мицкоски, претставник од „Еко клуб“ фирма добавувач на автоматската преса.
Хоризонталната хидраулична преса BPH50 наменета е за пресирање и балирање на сите видови стара хартија, картон, отпад од графичката индустрија, отпадни материјали од индустриското производство PET, MET и HDPE/LDPE, лименки, боци и се што може да се балира, а за кои отпадни материјали има пласман.
Автоматската преса е со потисок од 200 бари, изработена е од квалитетни челични материјали, со примена на современи конструкциски решенија, со што е обезбедена сигурност и брзина во работењето.
Современите електронски системи- PLC овозможуваат автоматско работење на пресата, при што, улогата на раководење е само контролна.
Со овој проект, „Комуналаец“ набави и специјално комунално возило од 7м3 во вредност од 3.7515.000 денари Новото комунално возило во многу го олесни собирањето и транспортирањето на рециклирачки материјали од домаќинствата.
Проектот БИО- РЕАЛ е од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, Прекугранична соработка со, Грција, а ги користат 6 партнери: Општините Халкидона и Термаикос од Грција, Универзитетот за храна од Солун, ЈКП„Дервен“ од Велес, Општина Свети Николе и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп.