Кога отпадот си го исфрлаш во „сопствениот’ двор

Иако на десетина метри има поставено контејнери несовесните граѓани отпадот го исфрлааат на парцелата од овој сега за сега напуштен објект од сопствениците во стригиот центар на градот, до бизнис центарот. Градежен шут, стаклена амбалажа, разна пластика, зелен отпад од градини и друго, е сликата со која се нагрдува изгледот на централното градско подрачје.

Денеска комуналците собраа над 6 метри кубни отпад.

Да се надеваме дека совеста ќе проработи, и наместо чекор назад, ќе се направи чекот напред и ќе се стигне до контејнерите кои се лоцирани позади бизнис центарот.

Воедно, не веруваме дека сопственик кој има земјиште во центар на град, е страден да постави една жичана мрежа со која би го оградил ова место, кое пак, во вечерните часови служи за веце, и од каде се шири неподнослива реа.

Се на се, јавноста секогаш повикот го прави кон јавното претпријатие, па така, со години и години, комуналците си чистат СЕ, што нетреба да чистат.

Можеби ќе ви се допадне