По целосното справување со настанатиот пожар во депонијата во Алинци, моментално со помош на механизација од Бехтел и Енка се работи на санација на трупот од депонијата, односно се прават последни проверки за во случај да има скриени жаришта.
Како јавно претпријатие уште еднаш изразуваме благодарност за несебичната помош од компанијата Бехтел и Енка, Министерството за транспорт и Министерството за животна средина и просторно планирање, ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈКП„Водовод и канализација“, како и на вработените од „Комуналец“, кои деноноќно беа ангажирани.




