Уредување на кружните текови

Комуналните работници ги уредуваат и естетски ги обликуваат зимзелените украсни и грмушкасти растенија на кружните текови низ градов.

Денеска се работи на кружниот тек кај споменикот Карпалак. На 14.11.2024 ќе се работи на кружниот тек кај поштата, а на 15.11.2024 година, комуналните работници ќе работат на кружниот тек кај поранешен Солидност.

Работите се извршуваат заради естетика, но и за погомема безбедност во сообраќајот. Некои од зимзелените украсни растенија ќе бидат и целосно отстранети од безбедносни причини.

Можеби ќе ви се допадне