Информација за јавните набавки на авто гуми, масла, мазива и други флуиди

Кој штеди, а која ја лаже јавноста?!

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп во 2023 год. од планираните 5.310.000,00 ден. за авто гуми потрошил 1.007.050,00 со ДДВ, или реализација од 19,12%.

По многубројните оркестрирани напади, шпекулации, невистини и нецелосно објавени информации од некои електронски медиуми и поединци, ја информираме јавноста за потрошените граѓански пари за Јавната набавка на авто гуми, масла , подмачкувачи, мазива и др. флуиди. Воедно ги повикуваме електронските медиуми и поединци ЈАВНО ДА СЕ ИЗВИНАТ за штетното влијание на угледот на јавното претпријатие за објавување на нецелосна информација за потрошеното, односно е објавен само склучениот Договор за јавна набавка. Сите набавки се сукцесивни и се прикажани подолу во објавата, а потрошените пари од вкупно планираниот буџет по години се од 19 до 22 % од вкупно планираните финасиски средства. Со ваквите манипулативни објави се влијае врз граѓаните, институциите и бизнис секторот да немаат доверба во јавното претпријатие за трошењето на нивните уплати за извршената услуга.

ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, за извршување на дејностите: управување со отпад, чистење на јавно прометни површини, одржување и изградба на паркови, зеленило, парк шуми и други рекреативни површини, како и управување со гробишта на располагање го има следниов возен парк: 44 комунални специјални возила и тешки товарни возила, 9 патнички и товарни возила, 9 лесни товарни возила, 8 трактори и 5 градежни машини или ВКУПНО 77 возила. Во други потрошувачи на масла и други флуиди се и косилките, мали трактори за косење, дампери и др.

Во потрошувачката на масла, подмачкувачи и други флуиди е и автоматската преса за балирање на корисни отпадни материјали со потисок од 50 тона. Во анализата да се земе и во предвид дека една гума за градежна машина е од 80.000,оо до 100.000,оо денари. И ќе се добие целосната сллика дали јавното претпријатие штеди и внимава на секој потрошен денар.

Набавки на авто гуми по години:

2021 година
За дел 1,2,3,4 склучен е Договор за јавна набавка од 3.696.439,82 ден. со ДДВ.
Од Договорот се реализирале или потрошиле 795.945,00 ден. со ДДВ, или реализација од 20,56%.

2022 година
За дел 1, 2, 3, 4 склучен е Договор за јавна набавка од 3.995.086,88 ден. со ДДВ.
Од Договорот се реализирале или потрошиле 954.196,00 ден. со ДДВ, или реализација од 20,24%.

2023 година
За дел 1, 2, 3, 4 склучен е Договор за јавна набавка од 5.310.000,00 со ДДВ.
Од Договорт се реализирани или потрошиле 1.007.050,00 со ДДВ, или реализација од 19,12%.

2024 година
За дел 1, 2, 3 и 4, склучен е Договор за јавна набавка на 14.10.2024 год. од 5.713.570.62 ден. со вклучен ДДВ.
Од Договорот не е реализиран ниту еден денар. Реализација 0%.

Набавка на моторни масла, подмачкувачи, масти и останати флуди по години:

2021 година
Склучен е Договор за јавна набавка на моторни масла и подмачкувачи од 2.186.125,82 ден. со вклучен ДДВ.
Од Договорот реализирани или потрошени се 1.127.602,00 ден.

Склучен е Договор за јавна набавка за масти и останати флуиди од 292.772,51 ден. со вклучен ДДВ.
Од Договорот реализирани или потрошени се 7.315,00 ден.

2022 година
Склучен е Договор за јавна набавка на моторни масла и подмачкувачи од 3.577.213,66 ден. со вклучен ДДВ.
Од Договорот реализирани или потрошени се 1.666. 195, 00 ден.

Склучен е Договор за јавна набавка за масти од 97.586,00 ден. со вклучен ДДВ.
Од Договорот реализирани или потрошени се 14.695,00 ден.

Склучен е Договор за јавна набавка за останати флуиди од 97.586,00 ден. со вклучен ДДВ.
Од Договорот реализирани или потрошени се 14.695,00 ден.

2023 година
Склучен е Договор за јавна набавка на моторни масла и подмачкувачи од 3.883.533,40 ден. со вклучен ДДВ.
Од Договорот реализирани или потрошени се 1.994.527,00 ден.

Склучен е Договор за јавна набавка за масти и останати флуиди од 423.690,80 ден. со вклучен ДДВ.
Од Договорот реализирани или потрошени се 182.221,00 ден.

2024 година
Договорите се склучени на 20.09. 2024 година
Склучен е Договор за јавна набавка на моторни масла и подмачкувачи од 4.578.671,40 ден. со вклучен ДДВ.
Склучен е Договор за јавна набавка за масти од 135.906,05 ден. со вклучен ДДВ.
Склучен е Договор за јавна набавка за останати флуиди од 417.196,08 ден. со вклучен ДДВ.

Можеби ќе ви се допадне