Во текот на вчерашниот ден „Комуналец“ ја исчисти дивата депонија која беше направена во близина на контејнерот од 5м3 поставен за потребите на населеното место Плетвар, поточно за викенд населбата.
Се замолуваат жителите и корисниците на викенд куќите било кој отпад, освен градежен шут да го исфрлаат во контејнерот поставен за таа намена, а не во неговата близина.
Во овој живописен и чист предел во ниеден случај не треба да се создаваат диви депонии. Доколку корисниците на викенд куќите имаат поголема количина на отпад да се обраќаат во Комуналец на тел:048/ 428-992.
Секое чистење на дива депонија во поодалечените и брдски места создава дополнителен трошок на јавното претпријатие.