Потпишан договор за соработка во областа на животнат средина

За чиста и здрава животна средина потпишан Меморандум за соработка.

Денеска, во просториите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу јавното претпријатие, Здружението на граѓани „Мој Прилеп“ и НВО „Станица 5“. Со потпишувањето на Меморандумот се воспоставува партнерство насочено кон унапредување на еколошката свест кај граѓаните, заштита и унапредување на животната средина, како и создавање почиста, поздрава и поубава животна средина за сите граѓани на Прилеп.

Соработката ќе опфаќа реализација на низа активности, а
во рамките на соработката се предвидени:

  • организирање јавни еколошки и кампањи за чистење на јавни површини во околината на Прилеп.
  • размена на идеи за почиста и зелена општина.
  • реализација на едукативни работилници во училиштата и градинките за јавна хигиена, селекција и рециклирање на отпад.
  • организирање акции за чистење на напуштени места во градот, со вклучување на граѓани, невладини организации и волонтери.
  • посета, обука и доделување на канти за отпад за спроведување на селекција на отпад во населби и населени места каде што е најслаб интересот за правилно третирање и управување со отпадот.
  • спроведување јавни информативни кампањи;
  • изработка и дистрибуција на едукативни материјали, брошури и дигитални содржини со практични совети за заштита на животната средина.
  • организирање еко-настани и денови посветени на животната средина, со активно учество на граѓаните и одредување на локација за чистење.
  • поттикнување на волонтерството и граѓанскиот активизам во областа на екологијата.
  • реализација на заеднички активности за подигнување на јавната свест за одржливо живеење и одговорен однос кон природатаи местото на живеење.
  • Активности за засадување на дрвја во градов и излетничките места.
  • Музички, ликовни активности и драмски активности преку кои ќе се испраќа порака ,,Нашиот двор е нашиот град’’.
  • Конкурси и сиимболични награди во соработка со општествено одговорни компании кои ќе ги подржуваат активностите кога се одржуваат со мајмладите и млдинци.
    Посебен акцент ќе биде ставен на најмладите, бидејќи создавањето еколошки навики од најрана возраст е еден од клучните предуслови за долгорочна промена на односот кон отпадот и животната средина, јавната хигиена и одржливиот еко систем.

Со ова партнерство, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, „Мој Прилеп“ и НВО „Станица 5“, испраќаат заедничка порака дека чистиот Прилеп и населените места е заедничка одговорност, а промените започнуваат само со лична одговорност, односно јаки и посветени јавни претпријатија и институции и активно учество на секој граѓанин.

Можеби ќе ви се допадне