Жалосна е сликата денеска на Могилата.

Искршени канделабри, распрснати стакла на сите страни, соголени жици кои висат од разводните кутии и кои се опасност по животот и за оние кои ја направиле штетата. Откорнати и истуркани камења од оградите кај споменичните места, кои опстанале на местото од самата градба на Паркот на револуцијата. Жалосна, а пред се, опасна е сликата денеска која ја затекнавме на Могилата, зашто се работи за активна струја во сите откорнати разводни кутии од светилките.

На Могилата има постојани оштетувања, но да се уништат сите светилки во една вечер, е повеќе од вандализам.

Можеби ќе ви се допадне