Започна транспортот на отпад од Дабнички канал

Неделава, заради работа на транспортните возила за отпад и механизацијата која работи на чистење на Дабнички канал, но и заради исцедокот од отпадот, се замолуваат возачите доколку се во можност да ги одбегнуваат улиците „Кеј 11 септември“ и „Бранко Секулоски“ покрај Типската населба и од страната на градинката Вишне.

Транспортот се врши по неколку часовно исцедување на отпадот, зашто поинаков начин и не е можен. Од Комуналец информираат дека доколу не се исцедува отпадот на лице место, би се загадил цел град со течење на отпад од транспортните возила.

Количините на отпад се големи, зашто се врши длабинско и темелно чистење на каналот, како во внатрешноста така и на камените sидови. По чистењето од вливот во Градска река до мостот кај Kасарната, ќе се продолжи со чистење и на потегот накај населбата „Тризла“, каде количините на отпад се многу поголеми и каде ќе биде потребна дополнителна механизација и возила.

Можеби ќе ви се допадне