ЗАМИСЛУВАТЕ ЛИ СВЕТ БЕЗ РАСФРЛАН ОТПАД?!

Секој денар вложен за чистење е исфрлен денар.

Замислувате ли околина без отпад?!

Наместо да исфрлате отпад насекаде, потрудете се секој отпад да има свое место. Селектирајте што повеќе отпад: картон, хартија, ПЕТ амбалажа, плински боци, лименки, одводни пластични цевки, ролетни, туби, стари пластични буриња, пластични столици, гајби, детски пластични играчки, пластичен прибор, сите пакувања од хемиски производи, чаши и платични шишиња од јогурт, и др. Доколку отпадните пластични предмети не ги собира во жолатата канта, оставете ги до нејзе. Комуналните служби се должни да ги соберат. Поголем проблем во селекцијата на отпад во нашава општина се појавува во контејнерите за селекција на отпад, каде најчесто во жичаните плави (хартија) и жолти (пластика) контејнери се одлага и мешан комунален отпад. Ги замолуваме граѓаните и бизнис секторот отпадот да го одлагаат селектиран.

Воедно, стаклената амбалажа да се одлага во зелените ИГЛО контејнери распоредени низ градов.

Прилепчани покажуваат високо развиена свест за селектирање на отпадот. Мораме да делуваме на одредени граѓани кои сеуште доловите, каналите, ливадите, реките, и езерата ги користат како канта за отпад.

Можеме ли да не исфрламе отпад насекаде? Можеме!

И наместо Вашите пари да се трошат за постојано чистење, може да се употребат за создавање на подобро место за живење, односно да се искористат во материјални средства.
Да бидеме разумни, да бидеме коректни и чесни кон идните генерации.

Селектирајте отпад, а се што во моментот неможе да се рециклира, одложете го во зелената канта.

Кога имате премногу отпад за селекција, а не го собира во жолтата канта, оставете го слободно до нејзе спакуван во најлонска вреќа или картонска кутија.

За градежен шут и отпад од градење на располагање ви се контејнери од 5м3 1360 ден. и трактор од 2 м3 од 630 ден.

Кога имате габаритен отпад, или зелен отпад од кастрење, тука е „Комуналец“, да го подигне со посебната линија за собирање на други видови отпад бесплатно.

Телефон: 048/428-992
E-mail: [email protected], [email protected]

https://komunalecprilep.com.mk/pri-avi-ubre/

Огромни финсиски средства се трошат за чистење, собирање и третирање на отпадот. Секоја година се чистат каналите, реките, езерата, падините, доловите…. се трошат пари и за справување со здравствените влијанија предизвикани од отпадот.

Се трошат пари постојано и безпотребно секоја година за истите локации каде неконтролирано се исфрла отпадот. 2025 година ќе биде година кога ЕУ крајно ќе ни одговори по однос на зададените Таргети во делот на управувањето со отпадот. За да не се доведеме во ситуација на казни, мораме да работиме на развивање на свеста и совеста на населението. Казните сакале ние или не, ќе бидат неизбежни.

За да не дојде до казни, да се научиме да ја почитуваме животната средина.

Македонија е земја која тони во отпад. Сите патуваме, нели ни е срам во каква состојба ги гледаме од Господ дарените убавини, и од човекот расфрланиот отпад.

Можеби ќе ви се допадне