Второ косење на зелените површини во Градската река

Со оглед на влажноста која ја има во текот на целата година, зелените површини во речното корито одсекогаш претставувале еден од поголемите проблеми на комуналците.

Започна и второто косење на градската река од мостот кај населбата Димо Наредникот, до вливот на Дабнички канал. По ова, ќе се продолжи со косење по канализираниот дел накај градскиот базен, и од мостот кај насебата Димо Наредникот до мостот на ул„Трајко Николоски“.

Граѓаните во овој период од годината треба да имаат разбирање за комуналците, зашто имаат преголеми обврски со косење низ целиот град и Градските гробишта. Комуналец, со цел да излезе во пресрет на граѓаните, работи и коси во места и населби кои не се по Програмата за одржување, а кои, се на финасиско оптоварување на Комуналец и со материјални трошоци и човечки ресурси.

Можеби ќе ви се допадне