ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, го обновува одбојкарското игралиште со нов слој песок, се рамната терените, а воедно ќе се постават и нови реквизити во спортските терени. Инаку овие спортски терени се под постојан атак на несовесни граѓани, кои во ноќните часови ги уништуваат истите. По налог на Локланата самоуправа, деновие интензивно се работи во паркот во Точила со цел на граѓаните да им се подобрат условите за спорт, рекреација и починка.
Воедно се работи и на големото детско игралиште каде се реамнат терените и се поставува нов слој на камчиња, а се поправаат и одржуваат и детските реквизити во паркот.
Точила е една од најголемите станбени населби во градов, па се очекува од жителите покрај секојдневните поправки кои ги прават комуналците на поставената комунална инфраструктура, граѓаните да имаа заложба за зачувување на истите.
Паркот во Точила 1 е на површина од 23 илјади метри квадратни, а зелените поврпини се полеваат со техничка вода.