„Комуналец“ започна со обновување и на парковите во населбата „Димо Наредникот“. Таму, на одередни места се изведуваат нови бекатон патеки, се врши поправка на ивичниците и уништениот бекатон, како и целосно прекопување на песок во детските игралишта. Според техничката оператива, на одредени паркови треба да се извршува и обновување на тревнатиот дел.
По населбите „Точила“ и „Бончејца“ ова е трета населба каде се врши целосна ревитализација на парковите.