Се прави темелно чистење на Дабнички канал

По чистењето со механизација на Дабнички канал, комуналците од денеска започнаа да ги чистат зидовите од каналот и помалите остатоци од отпад кои немало можност да се исчистат со механизација.

Покрај ова, Инспекторатот при Локалната самоуправа, изврши известување на сопствениците на скелиња да ги демонтираат истите, за да може да се пристапи кон чистење на делови од каналот кои останаа нечисти со првото машиснко чистење.

Дабнички канал, сега за сега е нерешлив проблем во однос на отпадот кој се исфрла во него, но и поголемите количини на отпад кои со поројните дождови од населбата Тризла, се слеваат во Градската река.

Потребна е свест и совест за чиста и здрава животна средина, но и навики, дека, сиот отпад без оглед на количините кои се создале во домовите, освен градежниот шут, ги подига „Комуналец“.

Можеби ќе ви се допадне