Се кастрат дотраените гранки од дрвјата кај Градскиот саат

Со цел комплетно хортикултурно преуредување на паркот кај Градскиот саат се кастрат дрвјата.

На дел од нив целосно е оштетена срцевината заради нивнта старост. Стручните служби велат дека иако со ова кастрење ќе се продолжи уште малку векот на дрвјата, наредниве години мора да се размислува некои од нив и целосно да се исечат.

Денеска се кастрат дрвјата во внатрешниот дел од паркот, во текот на утрешниот ден 06.11.2019(среда) ќе се кастрат дрвјата лоцирани од кај дуќаните и угостителските објекти.

За таа цел се замолуваат дуќанџиите и угостителите да не поставуваат маси и столови, тендите да бидат собрани, и да не се поставува стока и помошни предмети заради тоа што ќе се кастри со авто дигалка, но и да се овозможи непречена работа на работниците.

Можеби ќе ви се допадне