Подметнат пожар над депонијата во Алинци, гори сува трева, но не и депонијата.

По дезинформациите кои се појавија во некои од порталите дека гори депонијата во Алинци, од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ги информираат граѓаните дека гори околу депонијата во Алинци, но не и депонијата.

На пладне, околу 12 и 30 часот од стражарската служба присутна на депонијата е информирано дека гори сува трева од блиското ридче до депонијата. За кратко време огнот се проширил до оградениот дел од депонијата по што веднаш е реагирано со двете цистерни од „Комуналец“ и возило на Противпожарната служба.

Моментално гори ниска сува трева на блискиот рид и во подножјето до депонијата, но работници од „Комуналец“ се на терен, и нема опасност од зафаќање со пламен на депонијата.

Од фотографиите кои ги објавуваме видливо е дека додека огнот гори на блиското ридче, возилата кои превезуваат отпад, и механизацијата која работи на затрупување на истиот, работат непречено.

Со ова се отфрлаат сите дезинформации во јавноста пласирани од некои медиуми и ширење на страв, дека од депонијата се шири непријатна миризба помешана со чад.

Можеби ќе ви се допадне