Над 90 м3 разноразен отпад се чисти неделава во населбите Варош и Козле со акцијата за темелно чистење од диви депонии.
Останува на граѓаните да покажат поголема свест и совест спрема животната средина. Воедно се замолуваат граѓаните да внимаваат на околината во нивната населба, и да ги пријавуваат сторителите во Инспекторатот при Локалната самоуправа.
Само со заедничка заложба од сите чинители ќе создаваме чиста и здрава животна средина, и ќе се гордееме на културата и принципите во однесувањето спрема општите добра.