Се чисти вториот потег од Дабнички канал

Се чисти коритото од Дабнички канал на потегот од мостот кај касарните до вливот со Оревоечка река. Во овој дел од каналот се исфрла неконтролирано отпад од несовесни граѓани. Каналот се чисти со тешки градежни машини, а на некои потези каде не е возможно машинско чистење, комуналците ќе го чистат со рачен работан алат.

Од Комуналец, апелираат до граѓаните да се однесуваат совесно спрема животната средина, и уште еднаш ги потсетуваат истите дека електричениот и електронскиот отпад, мебел, теписи и друга покуќнина ги подига Комуналец бесплатно, по претходна најава на тел. 048/428-992. Исто така, различни пластични предмети (корита, столици,саксии, туби, буриња, гајби, цефки за довод и одвод) и други предмети кои можад да се рецилкираат, слободно да ги одлагаат во жолтата каната, или, заради габаритноста да се оставени до нејзе, а единицата за селекција е должна да ги подигне од дворовите.

Инаку, потегот кој се исчисти пред два месеци од мостот кај касарните, до населбата Тризла, веќе е затрупан со најразличен отпад.

Можеби ќе ви се допадне