Голем проблем на комуналците во одржувањето на градот е паѓањето на цветот од Липите. По ова, а според оперативниот план, вршат миење на улиците со дрвореди.
Според стручните служби од „Комуналец“ на одредени делови од градов цветот сеуште паѓа, но убедени се дека до престојниот Пиво фест, ќе извршат миење на сите улици со дрвореди, за градот да ги прими сите гости и добронамерници во чист и уреден град.