Градежен шут, јоги, цели кревети, канти, туби, остатоци од електрични апарати и друг отпад, истуриле несовесните граѓани во населбата Козле, на темелно исчистената депонија по патот од Точила до Козле.
Само од оваа дива депонија од двете страни на патот се собраа и транспортираа до депонијата Алинци над 40м3 отпад. Комуналец, иако ги вложува сите капацитети да овозможи чист и уреден град, ниту проработува свеста, ниту совеста кај поедини граѓани.
И покрај апелите од комуналците да се јавуваат граѓаните за поголеми количини на отпад во дирекцијата на ул„Александар Македонски“ бр. 302 или на тел. 048/ 428 992, и да пријават бесплатно собирање на отпад од кастрени дрвја, отпад од бавчи, електрични и електронски апрати, отпад од мебел и теписи, никако да се пројави ниту интерес, ниту желба за чиста околина.
Останува прашањето, дали пријавените/отпишани куќи од сметката во Комуналец во кои „не живее никој“ ги чистат куќите и дворовите низ годината и прават ваква штета, или сите сакаме да си поигруваме со животната средина.
Како и да е, ефектот од сета заложба на комуналците, неможе да се постигне без интерес, желба и чиста свест и совест спрема опшите дарени добра.