Проект Компостара

Општина Прилеп, доби проект за изработка на техничка документација за постројка за складирање, третман и преработка на биоразградлив отпад и инертен отпад.
Со 50.000 американски долари и 10.000 американски долари кофинансирање, Општина Прилеп е прворангирана, по спроведената постапка за евалуација на барањето за финасирање на техничка документација за изработка на инфраструктурни проекти од областа на животната средина.

На денешната прес конференција, градоначалникот Дејан Продансоки ја истакна важноста за изработка на техничка документација за изградба на компостара и плац за рециклирање на инертен отпад, кои на долг рок ќе дадат придонес во општинава преку намалување на загадувањето на животната средина, а со тоа и подобри еколошки услови за граѓаните, но и придонес за економскиот развој.

Градоначалникот Проданоски, се осврна дека со овој проект и со проектот кој е во фаза на имплементација – фабрика за секунадарна селекција на отпад, во која во тек е монтажа на машинскиот дел од инженери од Техникс, Општина Прилеп е на добар пат да ја имплементира циркуларната економија со преработка на отпадот во корисни суровини. Со компостарата органскиот отпад наместо да се депонира , ќе се претвори во високвалитетн компост кој може да се користи за прихрана на земјата за посеви, градинарството, овоштарсвото, цвеќарството и други потреби. Додека пак, со дробилката за градежен шут отпадот би се преработувал во гранулат кој ќе може да се користи за тампонирање на локални патишта и колски патчиња кои водат кон земјоделски површини. На крајот, градоначалникот Проданоски потенцираше дека ги подржува сите проекти кои се однесуваат на заштитата на животната средина, а посебно овој проект кој е во зародиш и кој според сите параметри по реализацијата ќе ги намали вкупните емисии од отпадот на 35,426 kt CO2 eq. Односно, Општина Прилеп ќе биде подготвена да го намали отпадот на местото на неговото настанување , а со тоа како општина би депонирале помалку отпад во идната Регионална депонија.

Борче Јанкулоски, од Одделението за Локален економски развој од Локалната самоуправа Прилеп, рече дека по распишувањето на Јавната набавка за изработка на техничката документација , истата би била подготвена за 7-8 месеци. Воедно, проектот ќе ги даде параметрите за потребната финансиска конструкција, зашто сега е претпоставена, и ќе овозможи на Локалната самоуправа да планира и аплицира до достапни ЕУ фондови за финасирање на проектот.

На новинарско прашање од каде општината би нашла финсиски средства за изградба на овој проект кој е со првична финансика конструкција од три милиони американски долари, Јанкулоски одговори: -,,Она што е најважно , е што проектот е усогласен со Националната стратегија, на ЕУ ниво со Зелената агенда и ЕУ Директивата за депонии 1999/31/ЕC, а на глобално ниво со целите за одржлив развој (SDG) на ООН, што ќе овозможи полесен пристап до фондовите кои финасираат проекти од областа на заштитата на животната средина.

Директорот на Јавното комунално претпријатие Рубинчо Абрашоски, на крајот од прес конференцијата ги информираше новинарите дека овој планиран проект, еден ден и ќе се реализира, без оглед на времето, а со имплементацијата ќе се заокружи циклусот на интегрирано управување со отпад на локално ниво.

Инаку , проценетата вредност за изработка на техничката документација е 59.285,00 УСД, додека проценетата вредност на инвестицијата за изградба на планираните во основа два проекти е 2.939.942 УСД.

Ваквите инсталации на долг рок се самоодржливи и исплатливи, ако се знае дека депонирање во Регионални депонии чини од 60 – 100 евра по тон. Или, Во моментов на дневна основа комуналното претпријатие во нестандардната депонија во Алинци депонира од 60-70 тони отпад.

Можеби ќе ви се допадне