При крај се активностите за уредување на населбата Ѓогдере. Деновиве ќе се изврши првото косење на ново никнатата трева, која заради пролетните дождови одлично вегетира.
Моментално се работи на последната парцела која треба да се засее со трева и да се изврши хортикултурно уредување.
Во населбата Ѓогдере ископан е бунар и поставена мрежа за наводнување со технолошка вода. Од годинава и овој станбен блок добива третман за одржување од прва зона.