Подигање на габаритен отпад

Известување!

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ги известува граѓаните за подигање на габаритен отпад од пред домовите), пријавување можат да извршат до вторник во неделата на тел. број: 048/428-992.

Во среда ќе се прави план на релации за подигање. Габаритниот отпад од домаќинствата ќе се подига секој четврток и петок во неделата.

Пред да се подигне отпадот од домовите, граѓаните ќе бидат повторно телефонски искомуницирани на нивниот мобилен број.

Оваа бесплатна услуга е помош за граѓаните да се ослободат од помали количини на некорисен мебел. Бесплатната услуга не се однесува на граѓани кои комплетно реновираат/обновуваат цели станови и куќи.

Да ја чуваме чиста животната средина, зашто секој отпад има свое место.

Со почит,
ЈКП„Комуналец“ – Прилеп

Можеби ќе ви се допадне