Олесната работата на комуналците, во погон е новата автоматска преса

Автоматската преса „Комуналец“ ја набави со средства од проектот БИО – РЕАЛ, од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, Прекугранична соработка со Грција. Финасиската вредност на пресата е 3.690.000 денари.

Хоризонталната хидраулична преса BPH50 наменета е за пресирање и балирање на сите видови стара хартија, картон, отпад од графичката индустрија, отпадни материјали од индустриското производство PET, MET и HDPE/LDPE, лименки, боци и се што може да се балира, а за кои отпадни материјали има пласман.

Автоматската преса е со потисок од 200 бари, изработена е од квалитетни челични материјали, со примена на современи конструкциски решенија, со што е обезбедена сигурност и брзина во работењето.

Современите електронски системи – PLC овозможуваат автоматско работење на пресата, при што, улогата на раководење е само контролна.

Балите од отпадните материјали се испланирани и димензионирани со што се обезбедува најрационално искористување на транспортните средства и просторот за складирање. Заштедата во транспорт ќе допринесе за поголема финасиска корист од продажбата на отпадните материјали. Воедно, автоматската преса заменува 10 работници, со што се обезбедува работна сила за побрз асортиман на отпадните материјали.

Проектот БИО- РЕАЛ е од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, Прекугранична соработка со, Грција, а ги користат 6 партнери: Општините Халкидона и Термаикос од Грција, Универзитетот за храна од Солун, ЈКП„Дервен“ од Велес, Општина Свети Николе и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп.

Можеби ќе ви се допадне