Почитувани,
На денешната прес конференција по којзнае кој пат бев прозван, а во врска со управителот на „Терминал Комуналец“ ДООЕЛ, за што повторувам дека досегашниот управител Мартин Ачкоски, е разрешен на последната седница на Управниот одбор. До изборот на нов кандидат по објавен Оглас за вработување, Ачкоски, ќе фигурира единствено во списите на Центаралниот регистар. Состојбата со Терминалот беше, е, и ќе биде тешка, со оглед на насобраните оперативни и финасиски проблеми кои датираат исклучиво од четиригодишното владеење на СДСМ на локално ниво, а кои проблеми беа ставани под тепих, и криени од јавноста, за сега самите да ги откријат. Наместо да помогнат во изнајдувањето на решение од насобраните проблеми кои ги создадоја, СДСМ држи секојдневни пресови како алиби, повторуваќи го милион пати името на Мартин Ачкоски, со што ја занимаваат и оптоваруваат јавноста, а воедно ова е смислен притисок кон мене, да ми ја одземат енергијата која ја посветувам во работата, и на кој притисок нема да подлегнам, туку ќе работам посветено, чесно и одговорно.
Точно е дека во моментов менаџментот на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, изготвува неколку симулации за покачување на цената на комуналната услуга, а која не е подигната од 2009 година, и влијае претпиријатие да неможе да земе финсиски здив, и само наталожува долгови. Корекции на цените беа планирани во сите оперативни акти изминативе 3 години во владеењето на СДСМ, односно Програмата за работа на ЈПП, Програмата за одржување на паркови, парк шуми и рекреативни површини, Програмата за управување со отпад и Програмата за управување и одржување на градски гробишта, донесени и изгласани од Управниот одбор, и Советот на Општина Прилеп, со мнозинство од СДСМ. И покрај укажувањата од страна на тогашниот менаџмент дека комуналното претпријатие нема да издржи да ги реализира оперативно техничките програми, исплатата на плати и тековните трошоци, по се изгледа СДСМ заборавиле дека во програмите имаат дури и напишано дека бараат политички консензус за покачување на цените. Од тогаш поминаа безмалку 10 месеци, а тие заборавиле дека предлогот за покачување на цената на услугата е содржана во програмите за работа, предложени во 2021 година, за работењето на ЈКП во 2022 година, каде стои потпис на тогашниот директор на „Комуналец“, Сашо Велески, кадар на СДСМ, со барање за корекција на цените, и Инвстициската програма од 2018 година, каде исто стои потпис на Звонко Јованоски, тогашен в.д директор и кадар на СДСМ, со детален опис на финасиската состојба, и каде се бара корекција на цените на услугите. Наместо по алармантната финасиска состојба и барањето од тогашните директори за корекција на цените, прилепската врхушка од СДСМ, донесува решение да не се подигнат цените, а доколку победи политичкиот противник да остават финасиска дупка.
(Во прилог: дел од програмите со печат и потпис за корекција на цените) каде се вели дека јавното претпријатие, нема никаков финсиски капацитет за нормално функционирање, освен задолжувањата кон доверителите, УЈП, и по тужби од вработените, а кое задолжување ми го натоварија исклучиво мене, со цел моја дискредитација. Но, тоа е ликот на СДСМ, клевети, клевети и само клевети, наместо работа и донесување брзи и конкретни мерки.
Согласно поскапувањето на цената на електричната енергија, дериватите, маслaта и мазивата, како и алатите и машините за работа кои ги користи „Комуналец“, но и законското покачување на платите, корекција на цените на услугите е потребна. ЈКП„Комуналец“- Прилеп, нема извршено корекција на цените од 2009 година. Одредени сметки кои се доставуват до корисниците на услуги се под 150-тина денари(станови, дуќани). Сите непродуктивни трошоци во моментов се сведени на нула, со цел да можеме овој период да го премостиме, а во прашање ќе биде доведено и тековното работење, посебно доколку се реализира Извршното решение за присилна наплата за метларки кои ги немаме, а кои се „набавени“ во времето на СДСМ, за што информиравме, и немам намера во иднина да ја оптоварувам прилепската јавност, зашто за тоа постојат истражни органи.
И за крај господа од СДСМ,ние сме различни во се. Додека Вие единствено се служите со неаргументирани клевети, мислевте и мислите само на вработувања и унапредувања исклучиво на административци, нашата девиза е работа, работа и само работа. Се друго што би правеле како Вас, односно бркање на политички поени, нема да даде резултати. Резултатите кои ги постигнавте изминативе 4 години се финасиски колапс на „Комуналец“, и „Терминалот“.
Со почит,
Рубинчо Абрашоски
ЈКП„Комуналец“ – Прилеп