Ново возило за транспорт на бездомни кучина

Денеска, ново возило за транспорт на бездомни кучиња беше дадено во владение на Јавното претпријатие „Комуналец“

Денеска, градоначалникот Борче Јовчески, изврши промопредавање на новонабавеното возило за транспорт на заловени кучиња на вработените од ЈКП„Комуналец“- Прилеп. На повик од Бирото за регионален развој, Локаланатa самоуправа даде приоритет и изврши набавка на ново возило од аплицираниот проект: „Подобрување на ефикасноста за заловување на бездомните кучиња и поголема контрола на популацијата на бездомни кучиња на територија на општина Прилеп“.

„Возилото многу ќе ја олесни работата на терен затоа што досега постоеше ограничен капацитет за превоз до прифатилиштето, ветеринарната установа или зацртната дестинација. Ќе продолжиме да работиме кон решавање на овај горлив проблем за значително да го намалиме бројот на бездомни кучиња. Транспортното возило, кое ќе се користи за транспорт на бездомни кучиња во секакви услови, многу ќе ја олесни работата на терен, зашто досега постоеше ограничен капацитет и непостоење на можност за превоз на повеќе од едно куче. Новото транспортно возило ќе претставува можност да се транспортираат повеќе бездомни кучиња до прифатилиштето и до ветеринарната клиника за целосен третман. Возилото е опремено со најсовремени кафези, со вентилација и климатизација со дополнителна опрема што гарантира сигурност при сместувањето и благосостојба на заловените кучиња до одредената дестинација, рече градоначалникот Борче Јовчески, при премопредавањето на возилото на Прифатилиштето за кучиња, кое работи како Оддел во ЈКП„Комуналец“ – Прилеп.

Инаку, Јавното претпријатие „Комуналец”, работи со Решение и дозволa од Агенцијата за храна и ветеринарство, како Прифатилиштето за бездомни кучиња, кое низ годиниве овозможува значително да се намали бројот на популацијата на бездомни кучиња.

Директорот Рубинчо Абрашоски, пак, се осврна на финансиската конструкција од донацијата на Општина Прилеп, и работата на прифатилиштето,при тоа тој истакна: -„Реализацијата на проектот е во два дела и тоа: дел 1 – набавка на возило за Прифатилиште за бездомни кучиња при ЈКП„Комуналец“- Прилеп, со вкупен финасиски износ од 2.359.009 денари (од планираните 3.000.000 ден.) И дел 2 – набавка на опрема за Прифатилиште за бездомни кучиња, при ЈКП„Комуналец“- Прилеп, која набавка е во тек. За оваа ставка планирани се средства во износ од 500.000 ден.

„Законот за заштита и благосостојба на животните не обврзува на одговорно и совесно заловување на кучињата скитници, чување и лекување на кучињата кои се најдуваат во прифатилиштето, со почитување на законските одредби од Правилникот за идентификација и регистрација на домашните миленици, односно секое заловено куче се вакцинира, тестира, стерилизира или кастрира, и се третира против внатрешни паразити. Кај дел од заболените кучиња се применува и лекување. Огромен дел, пак, од бездомните кучиња кои не се вдомени по принципот „Залови, стерилизирај, врати“, се обележани со ушна маркица, согласно Закон и истите се враќаат на местото на залувување и им се познати на граѓаните. Кога се враќаат на локација од каде што се заловени, кучињата ја чуваат локацијата од миграција на други единки со што се превенираат болести. Се воспоставува и контрола на теренот со што се исклучува можноста за појава на беснило. Сето ова повлекува и големи финасиски средства од јавното претпријатие и општината“.

При тоа, Абрашоски упати и апел до граѓаните, а посебно до сопствениците на кучиња да применуваат одговорно сопствеништво, зашто бројката на размножување е алармантна, а истите тие кучиња подоцна се пуштаат слободно да шетаат на јавна површина.

„Одговорните сопственици ќе ни помогнат и нам како претпријатие задолжено за кучињата скитници, на градот, но ќе помогнат и за безбедноста на граѓаните. Ние се соочуваме секојдневно да заловуваме и сопственички кучиња кои слободно се шетаат на јавна површина. Покрај ова, не е мал бројот од каснување од кучиња на граѓани, а зачестена е појавата на поднесување на тужби, каде кучето било сопственичко, но не можеме тоа да го докажеме во судска постапка, па целиот финасиски товар секогаш го понесуваат Локалната самоуправа и Јавното претпријатие. Воедно ги замолувам и дуќанџиите и другите стопанственици кои хранат и чуваат кучиња околу работното место, да дозволуваат на нашите вработени да ги заловуваат, зашто истите кучиња по завршувањето на работното време неконтролирано се движат низ градот, а почесто во вечерните часови создаваат и глутница. Затоа, да не се префла вината само на комуналното претпријатие, туку сите да дадеме придонес во борбата за спречување на оваа немила појава“.

Можеби ќе ви се допадне