Нови контејнери за селекција на отпад

ЈКП„Комуналец“-Прилеп, на местата на досегашните жичани контеjнери поставува нови 59 контејнери во унифицирана плава боја за селекција на хартија и картон и во жолта боја за селекција на пластична амбалажа и оппадна рециклирачка пластика.

Контејнерите се донација на Општина Прилеп од Министерството за животна средина и просторно планирање од Програмата за управување со посебните текови на отпад.

Се замолуваат граѓаните правилно да ги користат контејнерите и во нив единствено да одлагаат отпад по вид од категоријата на картон и хартија и пластична амбалажа која го содржи знакот за рециклирачки отпаден материјал, како и отпад од пластика кој не содржи никакви други примеси.

Општина Прилеп е една од ретките општини во државава која има доволно комунална инфраструктура за одлагање на отпад. Поради чистината на отпадот кој е за рециклирање, комуналниот мешан отпад да се одлага во контејнерите за таа намена. Нив ги има доволно, за сеуште некои несовесни граѓани да одлагаат, случајно или намерно, разни видови на отпад во контејнерите за селективен отпаден материјал.

СЕКОЈ ОТПАД ИМА СВОЕ МЕСТО!!!

Можеби ќе ви се допадне