Со финасиска помош од ЕУ, набавени комунално возило и автоматска преса за потребите на ,,Комуналец,, во вредност од 121.000 евра.
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Прилеп, од проектот БИО – РЕАЛ, додели Договор за набавка на хидраучична автоматска континуална преса и специјално комунално возило за транспорт на отпаден материјал за потребите на Општина Прилеп, а со финансиска поддршка од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, Прекугранична соработка со Грција.
Во посета на „Комуналец“ денеска беа стручни тимови од инжењери од добавувачите по потпишувањето на Договорите за набавка, за автоматска преса од 50 тони и ново комунално возило.
Според Договорот за јавна набавка по ПРАГ системот и најавите од економскиот оператор Карго макс, комуналното возило со капацитет од 7+1 м3, ќе се испорача во „Комуналец“ до крајот на месец сепетември, во вредност од 61.000 евра.
Автоматската преса за пресирање на сите видови отпадни материјали со перфоратор за дупчење ќе треба да се испорача до крајот на месец ноември, од економскиот оператор Трефоил во конзорциум со Еко клуб, а ќе биде изработена според модел и потреби на ЈКП„Комуналец“ во српаската фабрика за производство на машини за преработка на отпадни материјали „Банк Про“. Вредноста според обезбедените средства е 60.000 евра.
Новото комунално возило во многу ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата, зашто од пооадамна комуналното претпријатие нама набавено ново возило, а возниот парк е застарен со чести дефекти и поголема потрошувачка на масти и мазива.
Хоризонталната хидраулична преса BPH50 наменета е за пресирање и балирање на сите видови стара хартија, картон, отпад од графичката индустрија, отпадни материјали од индустриското производство PET, MET и HDPE/LDPE, лименки, боци и се што може да се балира, а за кои отпадни материјали има пласман.
Автоматската преса е со потисок од 200 бари и ќе биде изработена од квалитетни челични материјали, со примена на современи конструкциски решенија, која ќе обезбеди сигурност и брзина во работењето.
Современите електронски системи- PLC ќе овозможуваат автоматско работење на пресата, при што, улогата на раководење ќе биде само контролна.
Балите од отпадните материјали ќе бидата димензионирани со што ќе се обезбеди најрационално искористување на транспортните средства и просторот за складирање. Заштедата во транспорт ќе допринесе за поголема финасиска корист од продажбата на отпадните материјали. Воедно, автоматската преса ќе замени од 10 -12 работници.
Средствата од Проектот БИО- РЕАЛ се финансиска поддршка од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, Прекугранична соработка со, Грција, а ги користат 6 партнери: Општините Халкидона и Термаикос од Грција, Универзитетот за храна од Солун, Општините Велес и Свети Николе и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп.
Проектот е иницијатива, работен и аплициран од Борче Јанкулоски вработен во Општина Прилеп, и Лилјана Пурдеска Силјаноска, вработена во ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во име и корист на јавното претријатие. Во реализацијата на проектот со набавените материјални добра во возниот парк и Одделението за селекција на отпад ќе работи стручен колегијален тим до целосна реализација на Проектот. Во рамките на проектот планирани се две Меѓународни конференции за најдобри практики за управување со отпад . Сите активности од Проектот БИО- РЕАЛ ќе завршат на 4 мај 2020 година.