Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукареска, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талески и пратеничката Кети Смилеска, го посетија Јавното комунално претријатие „Комуналец“.
На сердбата, директорката Сања Лукаревска, потенцираше дека УЈП е во интензивна комуникација со даночните обврзници и дека тенденцијата на оваа институција е да гради партнерски однос со нив. Како позитивен пример ги истакна ЈКП „Комуналец“ и прилепскиот Тутунски Комбинат, кои последниот период навремено ги подмируваат своите даночни обврски.
„Со ЈКП „Комуналец“ развивме соодветна динамика на подмирување на долговите кои ги има по повеќе основи и очекуваме таа тенденција на позитива да продолжи. Сепак, прва и единствена заложба на УЈП е да работи во интерес на граѓаните и да изгради партнерски однос со даночните обврзници. Пред сѐ превентива, а помалку репресија. На средбата се разговараше и за Законот за спорт, со кој на фирмите им се дава можност еден дел од ДДВ-то кое компаниите треба да го платат, да им го уплатат на спортските клубови. Спортистите треба да ги негуваме и да им помагаме, затоа бизнис заедницата треба да биде во тесна корелација со спортот и спортските работници и тоа да се развива и понатаму“, истакна Лукаревска.
Градоначалникот Јованоски, изрази благодарност до в.д. директорот Звонко Јованоски, кој за кратко време го стабилизира јавното претпријатие и даде добар пример како директорите треба да менаџираат со расположливите средства, а пред се, да дадат приоритет и на даночните обврски кон државата.
„Како јавно претпријатие формирано со дејност од јавен интерес, приоритет ни е услугата кон граѓаните, навремена исплата на плата и додатоците од плата кон вработените, и секако, обврските кон УЈП. Направивме напор изминатиов период да ги насочиме финасиските средства по приоритети, и тоа даде резултати. „Комуналец“, во моментов нема средства за инвестирање во спортот до целосното стабилизирање, но со новиот Закон за спорт и даночните олеснувања во иднина, ќе планираме да го помогнеме спортот во градов, кој пак, е од заеднички интерес за сите граѓани, а пред се помош за младата популација и нивно насочување во спортот. Само со заеднички планови, размена на искуства, и добара законска регулатива, ќе имаме можност да се справиме со предизвиците пред нас, а тоа е, услугата и помошта кон граѓаните“, потенцираше в.д. доректорот Звонко Јованоски.
Инаку, суштината на Законот е по пат на ваучери, еден дел од ДДВ-то кое компаниите треба да го платат, да им го уплатат на спортските клубови. Со тоа компаниите ништо нема да загубат, туку ќе покажат желба да им помогнат на спортските клубови и на спортистите поединечно.