Комуналец во соработка со месното население работи на обновување на уште еден парк на Рид

Паркот на ул„Мечкин Камен“ и спојот со ул„Трети ноември“ комплетно се реновира. За потребите на паркот ископан е нов бунар за техничка вода. Паркот е ограден од безбедносни причини, воедно се работи на обновување на тревнатата површина и комуналната опрема.

Со самоорганизација на месното население, нивна донација со финасиски средства и материјали, како и работна рака од искусни мајстори на својот знает, изграден е летниковец, симболот на Христијанството и параклис посветен на Св„Ѓорѓи“.

Можеби ќе ви се допадне