Со баз трева, „Комуналец“ започна со уредување на булеварските централни ленти. Планирано е по ова да се продолжи и со хортикултурно уредување на жардиниерите вдолж булеварот и на улицата „Прилепски бранители“, а воедно потребно е и обновување и засадување на дрворедот со нови дрвја.
Заради обемната работа ги информираме граѓаните дека уредувањето ќе се одвива етапно. Ги замолуваме возачите за стрпливост и коректност спрема работниците од „Комуналец“ и внимателност при возењето зашто комуналците работат со транспортни возила, машини и алат. Целосниот лик со хортикултурното уредување булеварот ќе го добие кон крајот на ноември.