Вистинска депонија е направен просторот позади спортската сала „Македонија“, каде комуналците исекоја диви израстоци од јасен и шипови и собираа купишта најразновиден отпад. Локалната самоуправа и директорот Рубинчо Абрашоски, се децидни во својот став и ветувањето до граѓаните дека ќе се чисти секоја педа во и околу градов, но очекуваат и голема поддршка од локалното население, со цел да се постигне врвна чистота, здрава животна средина, а секој динар да се цени, и да не се троши само на чистење, туку да се употреби за општи добра за граѓаните.
Остануваат препораките до граѓаните:
- комунален отпад без оглед на количината го собираат комуналните работници од домаќинствата.;
- Отпадот за селкција се одлага во жолтата канта, додека поголеми пластични предмети ( туби, корита, пластични столици, ролетни и др.се оставаат до жолтата канта;
- За габаритен отпад да се јавуваат на тел: 048/428 992, на емајл: presskomunalec@yahoo.com, во месинџер на страницата на јавното претпријатие, оваа услуга е бесплатна, а се извршува секој четврток во неделата;
- За градежен шут и отпад од градење се врши услуга со достава на контејнер од 5м3 по цена од 1360,00 денари, односно трактор со цена од 620,00 денари;
- Стаклена амбалажа се одлага во ИГЛО звоната поставени на 40 локации низ градов;
- Граѓаните со сопствен превоз можат да го транспортираат отпадот до депонијата во Алинци, каде не се наплаќа за влез и депонирање;
Останува граѓаните да ги почитуваат препораките и правилата за одлагање на отпад и да им помогнат во заложбите на комуналците, Прилеп да го има епитетот најчист град.