Комуналците иако не им се наклонети временските услови, се на врвот на својата задача

Снегот кој интензивно паѓа повеќе од два дена им создаде поголеми проблеми на комуналните служби. Од рано наутро со механизација и рачен алат комуналците го чистеа центарот на градот, тротоарите по главните улици и бекатон патеките во парковите во населбите Димо Наредникот, Ѓогдере и Точила.

Согласно оперативниот план за зимски режим на работа, чисти и проодни се влезовите на институциите во градов, пристапите до пешачките премини, мостовите, а комплетно се оспособија сите патеки на плоштадот Александрија, Старата чаршија, и улицата Борка Талески која води до Градскиот пазар.

Свесни сме за критиките од граѓаните кои ги упатуваат на наша адреса, но граѓаните пред се треба да ја испочитуваат работата на комуналците кои од 5 часот утрово се на терен, со продолжено работно време до 14 часот, се со цел да овозможат градот да функционира нормално и во вакви отежнати услови. Денес се работи и со втора смена, но човечките ресурси се тие со кои располагаме, а веќе се чувствува и преголем замор кај нив. На одредени делови делувано е и со индустриска сол, но според метеоролозите кои најавуваат ниски температури, не сегогаш солта може да помогне, информираат од оперативната служба на Комуналец.

Снегот и понатаму продолжува интензивно да паѓа, секоја отворена патека одново се чисти. Комуналците остануваат на терен да ја извршуваат својата задача и како секогаш да им овозможат на граѓаните нормалено движење, иако временските услови не им се наклонети за работа.

Можеби ќе ви се допадне