Вработени од Прифатилиштето за бездомни кучиња, по повод „Светскиот ден на животните“, одржаа интерактивно предавање и запознавање на групи ученици од ОУ„Кире Гаврилоски“, и СОУ„Орде Чопела“, ветеринарна струка. Учениците беа запознати со работата на прифатилиштето, грижата и здравствената заштита на заловените кучиња сместени во стационарот, но и односот спрема нив кога ги среќаваме на јавна површина, а по извршеното чипирање и постапката согласно законската регулатива (залови, стерилизирај, врати) и нивното повторно враќање на местото на заловување.
Светскиот ден на животните е можност за секој од нас да направи нешто добро за животните од својата околина, да им даде дом, да ги нахрани, да помогне нивниот живот да биде поубав бидејќи и тие, како и луѓето, се дел од заедничката планета.