Денеска три контејнери врека и едно скеле за сушење на тутун

По вчерашната објава за турнати два контејнери врека кои комуналните служби ги извадоја и поставија на местата во еколошките острови, денеска уште поголем вандализам од непознат сторител.

Ноќеска на истото место во Дабнички канал повторно се турнати три контејнери за селекција на отпад, додека пак во Градската река турнато е цело скеле за сушење на тутун.

Заради континуирано вршење на штети на комуналната опрема и други ствари поставени на јавни површини за кои ,,Комуналец,, троши време и пари, а влијае и на угледот на комуналното претпријатие, случајот е пријавен до Инспекторатот и Полициските служби.

Можеби ќе ви се допадне