И покрај постојаните апели и молби кои „Комуналец“ ги упатува до граѓаните за правилно третирање на различните видови на отпад, истите не стигнуваат до нив, или пак, не сакаат да ги слушнат и применат.
Во текот на вчерашниот ден( недела) до отворената комуникација овозможена на граѓаните, со емајл, на ВЕБ страната и ФБ страната, совесен граѓанин ни испрати фотографии од улицата „Јоска Јорданоски“ пунк со контејнери позади тринасеткатницата, на која се гледа како наш сограѓанин исфрла огромна кубатура на кастрени гранки од зимзелени растенија. Граѓанинот од за нас непознати причини, наместо да го искористи воспоставениот принцип и да побара дополнителна услуга од „Комуналец“ овозможена за ваквиот вид на отпад, а кој по најава од сопственикот се собира и транспортира од дворовите, направил купишта од отпадни гранки.
Сликата и утрово беше очајна, зашто пристапот до дел од контејнерите поставени на овој пункт беше блокиран за исфрлање на отпад од станарите од околните згради. Ваквата постапка е за секоја осуда, зашто со ваквиот потег се нагрдува визуелниот изглед на градот, за кој сите треба да сме заложни да го чуваме чист во интерес на културата на живеење на заедницата.
Пунктот утрово е исчистен од комуналците. Уште еднаш напоменуваме, за секој вид дополнителен отпад создаден во домаќинствата, граѓаните кои имаат потреба да се јавуваат на тел: 048/428-992, или да ја користат електронската комуникација.