Денес е Ден на планетата Земја, а по тој повод во општинава една недела се одржува и Еко акцијата „Рециклирам, значи постојам“.
Секторот Графичарство при СОУ Ристе Ристески Ричко, ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп, и ЈКП Комуналец Прилеп во Еко акција. Собрана е старата отпадна хартија од оваа установа, која заврши на балирање во автоматската преса на „Комуналец“.
Секој отпад не е ѓубре, туку ресурс за нареден производ.
Можеме ли Македонија да ја направиме најчистата и најзелена држава?! Можеме. Тоа не чини многу финансии, тоа чини повеќе организација, работа и самоиницијатива.
Импресионирани сме кога посетуваме друга држава. А таму, ТАМУ Е САМО ЧИСТО.









