ЕКО акцијата „Рециклирам, значи постојам“, која се организира по повод „Денот на планетата Земја“, има за цел да се собере старата отпадна хартија која се чува беспотребно во институциите и бизнис секторот, но и во домаќинствата. Воедно, се испраќа и порака дека со секоја собрана хартија која е за преработка во иден проузвод се штедат природните ресурси. Голем број на компании и институции ја понудија отпадната хартија да ја собере јавното претпријатие.
ЕКО акцијата е на иницијатива на Графичката струка при СОУ„Ристе Ристески Ричко“, Општина Прилеп, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, Ротари клубот од Прилеп и Колективните постапувачи со отпад.
ЕКО акцијата годинава се одржува во три градови: Прилеп, Битола и Охрид
