Од денес ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, е со ново раководење.

Градоначалникот Дејан Проданоски за вршител на должност – директор на ЈКП Комуналец’’- Прилеп, го назначи Љубиша Јованоски, дипломиран економист. Јованоски на позицијата доаѓа со јасна цел за внесување позитивни промени, унапредување на ефикасноста во работењето и подобрување на услугите кон граѓаните.

Јованоски е со солидна теоретска и практична основа во управувањето, финансиското планирање и организацијата на деловни системи. Неговото образование му овозможува систематски пристап кон раководење, анализа на трошоци и приходи, како и ефикасно користење на ресурсите. Со своите стручни знаења и професионален пристап, Љубиша Јованоски поседува капацитет да раководи со јавно претпријатие на одговорен, транспарентен и економски оправдан начин во делот на јавните услуги.

Визијата на Љубиша Јованоски е современо управување со отпадото, усогласено со националните и европските стандарди и импелементација на регионалното управување со отпадот.

Преку транспарентно работење, континуирано унапредување на услугите во јавната чистота и одржувањето на паркови и зеленило, назначениот вршител на должност е подготвен јавното претпријатие да биде пример и во јавната чистота.

Граѓаните очекуваат транспарентно и посветено управување во интерес на заедницата.

Досегашната функција директор на ЈКП „Комуналец“- Прилеп, ја извршуваше Рубинчо Абрашоски.

Можеби ќе ви се допадне