Во организација на Станица Пет
- Работилница на тема „Не е ѓубре ако знаеш каде оди – селекција на отпад во домаќинствата“, на која учествуваа околу 30 млади екологисти од Прилеп и околината.
Преку практична и интерактивна презентација, младите беа запознати што е отпад и зошто треба да се гледа како ресурс, но и истите се идни едукатори и ќе помагаат во процесот на селекција на отпад. - правилно одвојување на отпадните фракции;
- разликата помеѓу сува и влажна фракција;
- улогата на јавното претпријатие и потребите од подобри услуги кон граѓаните, бизнис секторот и институциите;
- улогата на граѓаните во целиот систем;
- значењето на навиките во секојдневието;
- достапна комунална инфраструктура во општинава за одлагање на мешан комунален отпад и отпад за селекција;
- Користење на ИГЛО контејнерите за селекција на стаклена амбалажа, посебно од угостителите, кои создаваат најголеми количини на отпадна стаклена амбалажа;
- Користење на бесплатната линија за собирање на гарабаритен отпад;
- и правилно одлагање на градежен шут во контејнери од 5м3;
- Имплементација на интегриран систем за управување со отпад;
- Национална легислатива и Европски таргети во областа отпад.
Посебен акцент беше ставен на практични примери од Прилеп и добри европски практики, како ориентација за поодржлив локален систем за управување со отпад.

Паралелно се одржа онлајн сесија во живо на социјалните мрежи, каде граѓаните директно поставуваа прашања.
Се дискутираше за:
- важноста на селекцијата
- намалување на отпадот во домаќинствата
- едукација на населението
- недостаток на контејнери и друга комунална инфраструктура
- домашно компостирање, можни решенија и намалување на отпадот на местото на неговото настанување;
- и баарања од граѓаните за подобрување на услугите
Настанот ја потврди потребата од континуирана едукација, отворен дијалог и заедничка одговорност за почиста и поздрава животна средина. Преку онлајн сесија во живо на социјалните мрежи, граѓаните активно се вклучија со прашања и коментари, потврдувајќи дека интересот и потребата за вакви разговори се големи, и само со заедничка соработка помеѓу сите чинители може да се изградат силини човечки и инфраструктурни капацитети, со цел здрав и среќен живот во општина Прилеп.
Ние како ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, даваме целосна поддршка на граѓанските здруженија кон заштита на животната средина, почиста и поодржлива заедница!
*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение Станица Пет, а е финансиски поддржан од Европската унија.











